Планинари од Чешка вчера се загубиле на Шар Планина, но по спасувачката акција организирана од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово тие биле пронајдени во реонот на месноста Лешница. Еден од планинарите бил повреден, а целата група броела седум членови. Повредениот бил со скршена рака, а спасувачите успеале да ги пронајдат по два часа од нивниот повик за помош.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
