Серија настани ќе ја одбележат 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во наредните денови ќе има свечена собраниска седница, конференции на три универзитети, концерти, прослави во Струга, Чаир и Кичево, кои, како што рече вицепремиерот Артан Груби на тематската владина седница, се директен резултат од имплементацијата на Договорот.
Владата заклучи дека во Охрид почна изградбата на едно општество за сите, и водењето политики кои градат а не уриваат мостови. Централната манифестација ќе биде на 13-ти август, денот кога беше потпишан Рамковниот договор.
