Вести Македонија Топ вести

Лицата со попреченост имаат потреба да се дружат, но транспортот им е отежнат

Ова е Оливера Димовска. Таа е слепо лице од Зелениково, кое топлите летни денови ги користи за читање книги со Брајово писмо, за изработка разни креации од хартија, боцки, монисти и за игри со помалиот брат, Борче. Оливера сака да се дружи. Но, признава дека децата од селото со кои се дружела како помала, сега ја избегнуваат.  А, со соучениците од „ Димитар Влахов“, каде заврши втора година, не се среќава надвор од училиштето зашто проблем е траспортот.

  • Може, ако се обезбеди некоја средина за нас. Па, да ме носат и да ме враќаат зашто мама и тато неможат секогаш.

Оливера  била родена како здраво девојче, но го изгубила видот по 4 година, како последица на цистичен тумор на мозокот. Не помогнале 17 операции, направени во Скопје од повеќе хирурзи, во нејзините 17 години живот. Поради болеста, татко и е принуден сам да ја вози на училиште по 60 –тина километри во двата правци, секој ден  додека трае школската година. А, признава, како возоводител во Македонски железници, не му е лесно тоа зашто работи во смени по 12 часа и особено му паѓа тешко по ноќната смена.

  • Се враќам во Зелениково, дома, ја земам, па ја носам во школо. Седам цел ден до 13-13 и 30 часот, колку има часови, па се враќаме. Животот е прилично динамичен и тежок.

Со една плата на Златко, 5000 денари посебен додаток и 2700 денари колку што Оливера добива за автобуска карта што не ја користи, финансиски трошок за семејството е паркирањето, особено при одење на контроли во Клиничкиот центар.

  • Од Градски паркинг сме одбиени затоа што не сме скопска општина- Зелениково. И не сакаат да не ослободат од плаќање паркинг.

Сретства им се потребни и за лекови и препарати за Драгана, откако поради земањето регуларни медикаменти колкот ѝ е оштетен.

  • Тоа што под Фондот го земаме со ослободувањето што ни следува. А, сето друго си го плаќаме од свој џеб. Се снаоѓаме со кредити, со минусно салдо. Земаме и нешто на природна база, купуваме.

Кога ќе порасне, Оливера сака да живее од изработка на накит и украси и се надева на таков образовен асистент.

  • До сега немам сретнато, ама мислам дека ќе сретнам во иднина.

Поради оддалеченоста од градот , семејството Димовски деновиве не беше на протестите на лицата со попреченост, но ги подржуваат во барањата. По вчерашната средба во Владата , надлежните имаат седум дена за финансиски калкулации околу барањата за зголемување на посебниот детски додаток од 4500 на 10 000 денари, со симнување на старосната граница од 26 на 18 години и за зголемување на додатокот за возрасни лица со попреченост од 7200 на 12 000 ден. Се разгледуваат барањата и за нови дневни центри за рехабилитација и за отворање регионални за едукација и рехабилитација за лица со различни видови попреченост. А, најавените протести од Колацијата „ Менуваме“ , за утре , се ставени во мирување.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе