Вести Македонија

92 пациенти заразени со Ковид-19 помеѓу 330 илјади целосно вакцинирани

Статистиката покажува повеќе од 330 илјади лица вакцинирани со две дози и мал процент од нив се заразиле со Ковид-19, информираат здравствените власти.

Наредниот месец половина милион целосно вакцинирани граѓани ќе бидат запишани во системот на Министерството за здравство. Тоа е чекор плус до мирна и стабилна ситуација при евентуални идни бранови на зараза – децидни се надлежните.

Состојбата со Делта-сојот ги загрижува земјите ширум Европа, но за рестрикции кај нас допрва ќе се одлучува, но само за невакцинираните.

Точно 92 пациенти се заболени од 330 илјади коишто се ревакцинирани. Тоа значи дека процентот на заболени лица коишто се ревакцинирани е навистина многу мал – некаде околу 0,02% што е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината. Ако процениме дека ризикот од невакцинираните кон генералната популација вклучувајќи ги и вакцинираните – е доволен голем, ќе воведеме рестриктивни мерки.“

Во меѓувреме, во тек е имунизацијата и истата зема замав повеќе во здравствените домови односно пунктовите во поликлиниките. Големите вакцинални центри во повеќе градови ќе бидат испразнети од целата медицинска опрема и повеќе нема да бидат места каде што луѓето ќе одат по вакцина.

Салата „Борис Трајковски“ повторно ќе се користи за спортски натпревари и други настани, откако неколку месеци служеше само како пункт за вакцинација. Ќе бидат затворени и другите вакцинални пунктови во спортските сали – освен во Струмица и Тетово.

Засега, не се во план рестрикции на границите, ниту пак за свадбите и другите настани на кои има масовно присуство на граѓани.

Евентуалните рестикции, со фокус на невакцинираните граѓани, би можело да стигнат дури наесен.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран продолжуваат со нападите – се засилуваат и вербалните закани за целосно обновување на конфликтот

Дејан Дејан

Во кабина на товарно возило најдени 24 пакувања со марихуана – возачот е уапсен на излез од државата

Дејан Дејан

Почина велшката пејачка Бони Тајлер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе