Вести Македонија Најважни

Се затвора вакциналниот пункт „Борис Трајковски“ во Скопје, имуниацијата продолжува во здравствените домови

Во агуст ќе се затвори вакциналниот пункт  за масовна имунизација против ковид-19 во спортската сала „А1 Арена Борис Трајковски“ во Скопје. Вакцинацијата во целата земја ќе се одвива во здравствените домови, а само во Струмица и Тетово ќе продолжат да работат спортските сали како пунктови за масовна вакцинација, кажа денеска министерот Венко Филипче, додавајќи дека ќе продолжи и теренската вакцинација во градовите и селата по принципот на систем на ротација.

„Добро се одвива процесот на вакцинација, одлучивме дека нема потреба да бидат во функција веќе толкави места, вработените полека се враќаат на работните места во здравствените домови. Чекавме да помине тој масовен прилив за ревакцина кај граѓаните. Продолжува вакцинацијата без закажан термин“, рече Филипче при посета на Клиниката за ортопедија.

 

Филипче рече дека во земјава досега се ревакцинирани 330 илјади граѓани, дека очекува од крајот на август таа бројка да стигне до 500 илјади граѓани, како и дека од 1.800 деца пријавени деца под 18 години, досега се вакцинирани 630. Од 330 илјади граѓани вакцинирани со две дози, со ковид-19 се заразиле 92 пациента.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе