Вести Свет

За Бајден, Блискиот исток повеќе не е закана – војската на САД се повлекува и од Ирак

Американската воена мисија во Ирак ќе биде завршена до крајот на година, што според претседателот Бајден е одлука која на терен ја покажува големата промена во надворешната политика. Но, со ирачкиот премиер, Бајден се договорил дека Америка сепак ќе помага со обука, советување и размена на информации.

Да асистираме, помагаме и да се справуваме со ИСИС, но нема да учествуваме во воени мисии до крајот на годината, изјави Бајден. 

Но, и пред Бајден да ја преземе функцијата, главен фокус на САД беше да им помага на ирачките воени сили. Дополнително Бајден не кажа дали планира да го намали бројот на трупите во Ирак, кој брои 2.500-тини. Се претпоставува дека ќе останат и ќе се префрлат на советување на ирачките сили.

Ова не е повлекување на САД од Ирак. Ова е официјален крај на борбените операции и пренасочување кон помагање на Ирачаните, при што и самиот ирачки премиер рече дека се подготвени да ја бранат сопствената земја додека можат, помагајќи им да ги совладуваат милитантите на ИСИС, кои се закана за Багдад и насекаде, смета Сагар Механи, дописник на „Асошијетед Прес“

 Оваа најава на Бајден следи по одлуката САД да се повлече по 20 години од воениот ангажман во Авганистан. Но, како полека се повлекуваат американските војници, така се засилува насилството од Талибанците врз авганистанскиот народ. Во изминатиот месец успеаа да освојат огромен дел од земјата и повторно да завладеат со важни административни центри, кои беа под контрола на власта. И покрај тоа што беа истиснати 20 години, Талибанците некако успеаа да се регрупираат и сега, според извештаите, не покажуваат милост кон локалното население. Меѓународната заедница ги повика да седнат на преговарачка маса со авганистанските власти и конечно да заврши нивната 40-годишна војна. Но, Талибанците велат дека за осум недели 194те окрузи во земјата ги освоиле само со мирни убедувања, а на маса со владата нема да седнат бидејќи нивните ставови не се реални.

Тие не бараат помирување, сакаат да се предадеме. Потребно е сите Авганистанци да се согласат за нова влада, а таа нова влада да ја замени администрацијата во Кабул, и таа ќе биде прифатлива за нас и сите Авганистанци, изјави СУХАИЛ ШАХЕН, ПОРТПАРОЛ НА ТАЛИБАНСКИОТ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ

20 години и требаа на Америка да сфати дека заканата не и доаѓа од од планините на Талибанците или од песочниот Ирак. Во 21 век Бајден сфати дека многу повеќе треба да посвети внимание на новите сајбер закани, како и се помоќната Кина и Русија.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе