Трајко Вељановски , Спиро Ристевски, Миле Јанкиески и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски се прогласени за виновни за организирање на упадот во Собранието на 27-ми април 2017-та година, објави предмалку судскиот совет предводен од судијата Илија Трпков.
Никола Груевски и Никола Бошкоски се обвинети, но недостапни за судот.
Судот констатира дека обвинетите со намера организирале план за да спречат мирно предавање на власта по повикот на екс премиерот Никола Груевски преку ТВ „граѓаните да не седат по папучи дома“.
-Ги мобилизирале членовите за да не се дојде до мирно примопредавање на власта преку одлагање на изборот на претседател на Собранието, истакна во образложението на пресудата судијата Илија Трпков.
