Вести Македонија Најважни

Вељановски, Ристевски и Јанакиески се прогласени за виновни за организирање на упадот на 27-ми април

Трајко Вељановски , Спиро Ристевски, Миле Јанкиески и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски се прогласени за виновни за организирање на упадот во Собранието на 27-ми април 2017-та година, објави предмалку судскиот совет предводен од судијата Илија Трпков.

Вкупно 25 години затвор за функционерите за организација на 27-ми април, за Вељановски, Јанакиески, Ристевски и Атанасовски се бара притвор

Никола Груевски и Никола Бошкоски се обвинети, но недостапни за судот.

Судот констатира дека обвинетите со намера организирале план за да спречат мирно предавање на власта по повикот на екс премиерот Никола Груевски преку ТВ „граѓаните да не седат по папучи дома“.

-Ги мобилизирале членовите за да не се дојде до мирно примопредавање на власта преку одлагање на изборот на претседател на Собранието, истакна во образложението на пресудата судијата Илија Трпков.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе