Македонија

Италија притиска со Европскиот совет земјава да ги почне преговорите со ЕУ

Билатералните прашања не смеат да бидат пречка за старт на пристапните преговори со Европската унија и Италија е една од земјите која притиска во Европскиот совет преговорите на Македонија со Унијата да започнат најбрзо што е можно.

Ова во интервју за Телма го вели заменик-министерот за надворешни работи на Италија, Бенедето Дела Ведова, кој е и поранешен европратеник и еден од основачите на италијанската либерална партија „Повеќе Европа“.

Во моментов Унијата носи одлуки по принцип на консензус и, како што вели Дела Ведова, за жал по тој принцип мора да се одлучува и за стартот на преговорите со земјава.

Тој меѓу другото искажува загриженост дека блокадата во ЕУ може да ги забави реформските процеси во земјава, но и дека членките на Унијата се свени оти мора да ги зајакнат врските со регионот бидејќи други земји се подготвени да ја пополнат празнината.

Со заменик-министерот за надворешни работи на Италија разговараше Тамара Грнчароска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе