Вести Свет Топ вести

Хрватска ќе ги подмири трошоците за престој на семејствата на жртвите и повредените во несреќата

Нема влошување на клиничката слика на повредените хоспитализираните патници, изјави хрватскиот мнистер за здравје, Вили Берош. Веќе се направени неколку операции, а оние кои не се итни се озтавени за утре. Голем дел од нив се и со полесни повреди и уште утре ќе бидат пуштени на домашно лекување, а ќе им биде овозможена и психолошка помош.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вети дека државата ќе им помогне на семејствата на жртвите, како и на повредените косовски граѓани во несреќата. Рече дека сите кои не се повредени ќе можат да останат во хотел во Славонски Брод на трошок на државата.

Хрватската влада и сите нејзини служби ќе сторат се што е потребно да им помогнат на унесреќените. Само еден од повредените во моментов е во болница во Загреб, сите се тука во Славонски Брод во болница. Оние кои не се повредени се во малиот хотел тука. Тоа е она што го знаеме. Навистина ова е една тешка несреќа, која не сме виделе со години.

 

Ќе сака ли хрватската влада да овозможи транспорт до Косово за загинатите и повредените?

 

Само што зборувавме со косовскиот амбасадор и ќе зборуваме и со косовскиот премиер. Тука сме да помогнеме и да ги покриеме сите трошоци за престојот тука, па се до организацијата на сукцесивното враќање на Косово, бидејќи со оглед на состојбата нема да можат сите пациенти да си заминат од Славонски Брод во исто време, пораќа пленковиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе