10 луѓе загинале утринава во страшната сообраќајна несреќа која утрива се случи на патот Загреб-Славонски брод, кога автобус со косовски регистарски таблички се превртел. 45 патници се итно пренесени во болница, осум од нив се во тешка состојба, јавуваат хрватските медиуми.
Првично јавија дека автобусот бил со македонска регистрација, но подоцна е потвредено дека автобусот е од Косово.
„Во 6:22 часот примивме дојави за слетување на автобус. Се работи за автобус со косовски таблици. Увидот е во тек. Засега не можеме да дадеме повеќе информации. Повеќе од 30 се повредени“, рече началникот на полицијата на Славонски Брод, Иван Галиќ.
Автобусот патувал на редовна линија Франкфурт-Приштина, јавува хрватската полиција. На лице место има и пожарникарски екипи, како и амбулантни возила. Увидот за причините на несреќата е во тек.


