Политичка, а не експертска одлука. Вака невладините организации ја коментираат одлуката на УНЕСКО за Охридскиот регион. Со ова сметаат се дава нова шанса за понатамошно деградирање и уништување на културното и природното богатство, бидејќи како што велат до сега властите покажале дека нема расположение да се зачува статусот на Охрид. Најавија дека ќе излезат со листа за тоа што се треба да се стори, а не е сторено и покрај тоа што како што велат Министерката за култура Ирена Стефоска говореше невистини пред Комитетот на 44 – та седница на УНЕСКО. Претходно 34 здруженија на граѓани од Македонија и Албанија испратија писмо до Комитетот за светско наследство и побараа Охридскиот регион да се впише во Листата на светски наследства во опаснсот. Беа длабоко загрижени, затоа што ваквата сосотојба не е последица ниту на војна ниту природна катастрофа, туку резултат на лошото управување и свесно уништување и негрижа од страна на властите.
Невладините разочарани од одлуката на УНЕСКО за Охрид
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
