Вести Свет Топ вести

Бразилците на протести бараат отповикување на претседателот Болсонаро

Демонстранти синоќа излегоа на улиците во повеќе  бразилски градови барајќи повлекување на претседателот Жаир Болсонаро, чија популарност во последните неколку недели драстично се намали поради корупцискиот скандал во чија заднина е пандемијата на коронавирусот, пренесоа  британските медиуми.

Болсонаро во повеќе наврати ги негираше обвинувањата за корупција, изјавувајќи дека нема докази за тоа.

Бразилското Министерство за одбрана изминатава недела ги известило водечките луѓе на Конгресот дека изборите следната година нема да се одржат без измени и дополнувања на системот за електронско гласање во земјата, за да постои трага за секој употребен глас.

Болсонаро следната недела се соочува со избори, во трка во која најверојатно ќе се соочи со неговиот политички ривал, поранешниот левичарски претседател Луис Инјасио Лула да Силва, а анкетите во моментов наведуваат дека Болсонаро ќе загуби од Лула, пренесуваат британските медиуми.

Синоќешните протести се втори овој месец, во кои Бразилците масовно излегоа на улиците во неколку градови за да му се спротивстават на Болсонар.

За време на пандемијата умреа повеќе од 500.000 Бразилци, а многумина го критикуваа претседателот затоа што сметаа дека не ја разбира сериозноста на Ковид-19, а, исто така, му забележа што се спротивстави на носењето маски и социјалното дистанцирање, додаваат британските медиуми.

Сенатот сега го истражува Болсонаро, проверувајќи дали имало корупција поврзана со набавката на индиската вакцина против коронавирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе