Свет

Вонредна седница на францускиот Совет за одбрана поради случајот Пегаз

Претседателот на Франција Емануел Макрон денеска закажа вонредна седница на Советот за одбрана поради истрага за случајот Пегаз.

Макрон вчера побара серија истраги за случајот со израелскиот шпионскиот софтвер Пегаз.

Претходно, францускиот дневен весник Ле Монд објави дека телефонот на Макрон е на списокот на мароканска разузнавачка агенција, со цел да се изврши надзор со помош на шпионскиот софтвер Пегаз.

Според информациите, телефонските броеви на претседателот, како и на тогашниот премиер Едуард Филип и на уште 14 министри биле избрани за можен надзор со шпионскиот софтвер.

Елисејска палата соопшти дека доколку откритијата за телефонот на Макрон се вистина, тоа би била многу сериозна ситуација и надлежните органи ќе испитаат се за да го расветлат случајот, се наведува во извештајот.

Илјадниците следени лица ширум светот биле шпионирани од влади на различни земји користејќи ги нивните Ајфони или Андроид телефони. Истрагата на Гардијан, Вашингтон пост, Ле Монд и 16 други медиуми откри дека шпионскиот софтвер Пегаз на НСО Груп може да ја вклучи камерата или микрофонот на телефонот и да украде податоци од апаратот без знаење на сопственикот.

Пегаз може да се инсталира од далечина без да треба да се наведува корисникот да го преземе, а откако ќе се вклучи, телефонот ефикасно се шпионира. Може да обезбеди пристап до апликации како што се ВацАп, Телеграм и Сигнал, е-пошта, текстуални пораки, Џи-Пи-Ес податоци и листата со контакти на телефонот.

Пегаз им овозможува на оние што ја следат целта не само да го следат објектот и да откриваат со кого разговара и за што, туку и да имаат пристап до компромитирачки слики и информации со кои можат да уценуваат или малтретираат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум земји од ЕУ го блокираат отворањето нов кластер за Србија, меѓу нив и Бугарија Хрватска?

Kristina Kuzmanovski

Ердоган им подари на сите лидери на НАТО гравиран револвер и кутија со боева муниција

Kristina Kuzmanovski

Германија ќе набави американски ракети „Tомахавк“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе