УНЕСКО денеска ќе ја донесе одлуката дали Охрид ќе го сочува или пак ќе го изгуби статусот што го носи повеќе од 40 години и ќе се најде на листата Светско наследство во опасност.
Децениската негрижа и деградација на нашето најголемо природно и културно богатство, одамна го вклучија алармот на УНЕСКО.
На само неколку часа пред одлуката која треба да се донесе на 44 седница што се одржува во Кина, 34 невладини организации од Македонија и Албанија, испратија писмо до Комитетот за светско наследство и побараа Охридскиот регион да се впише во Листата на светски наследсва во опаснсот.
Велат дека се длабоко загрижени, затоа што ваквата состојба не е последица ниту на војна ниту природна катастрофа, најчести причини поради кои некое подрачје се прогласува за светско нследство во опасност, туку резултат на лошото управување и свесно уништување на неговите вредности од страна на властите
„За жал, алармот во 2019 година не ги разбуди нашите влади, и дополнителното време кое го добија од Комитетот за светско наследство за да ги спроведат препораките и неопходните мерки за заштита го искористија за нови планови за урбанизација, поволности за нелегалните градби маскирани со неколку симболични отстранувања на привремени конструкции, прекршувања на постоечките закони„ се вели писмото што еколошкото здружение Фронт 21/42 го испрати до Комитетот поддржано од 34 НВО
Доколку Комитетот даде нова шанса, тоа би значеле продолжување на деградацијата на регионот, велат невладините, а она што особено ги загрижува потписниците на писмото е продолжувањето на процесите за урбанизација дури и по сериозното предупредување на Мисијата во јануари лани
„Сите урбанистички планови иницирани по мисијата во 2020 година и сите неспроведени, а неопходни активности, недвосмислено покажуваат дека нашите локални и централни власти продолжуваат по истиот пат кој го доведе светското наследство во сегашната лоша состојба“ , е ставот на Фронт 21/42.
На 43 седницца во Баку во 2019 година, УНЕСКО даде уште една шанса за Охридскиот регион и препорача забрзано спроведување на препораките за зачувување на универзалното културно и природно богатство.
Во периодот потоа беше изработен и регистер на дивоградби во Охридскиот регион и отстранети неколку платформи изградени во езерото.
Во извештајот, реактивната мониторинг мисија од јануари лани препорача Охрид да добие нов статус-Светско наследсво во опасност.
Сега се очекува конечната одлуката на УНЕСКО.
Емилија Мисирлиевски
