Македонија Најважни

Антикорупциска бара градоначалникот Мерко да одговара кривично

Сомнителни јавни набавки, нерационални трошењa и набавки на возила. Антикорупционерите бараат струшкиот градоначалник Рамиз Мерко да одговара кривично поради малверзации потрврдени во нивната истрага и од државните ревозиори како и одговорност од претседателот на Кривичниот суд во Струга. Антикорупциска поднесе иницијатива која од скопското преку струшкото обвинителство заврши во Обвинителството за организиран криминал.

Во Обвинителството се води уште една предистрага за нелегална продажба на објекти. За Мерко има и трет предмет кој го работи струшкото обвинителство.

Обвинителство за гонење на организиран криминал: „Предметот за јавната набавка на Општина Струга на 3 автомобили и еден луксузен автомобил марка „Ауди А6“, отворен по иницијативата поднесена од Антикорупциската комисија во 2019 година е во предистражна постапка и се чекаат наодите од вештачењето за да се донесе јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката. Што се однесува до другиот предмет истиот е за бесправна продажба на објект и исто така е  во предистражна постапка. “, информираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал

Градоначалникот Мерко не сакаше да даде изјава околу наводите на Антикорупциска и Обвинителство, ги отфрли како шпекулации и повтори дека е мета поради претстојните локални избори.

На денешната седница Антикорупционерите ја запреа постапката против Нефи Усеини кој извесно време беше советник во Општина Охрид од редовите на ДУИ, член на Управен одбор но и сопственик на фирми кои добиваа општински тендери, дивгорадби и плацеви во заштитената зона. Антикорупционерите отворија постапка за акумулација на функции но во меѓувреме Усеини се повлече од советничкото место.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе