Македонија Најважни

(видео)Во пожарот во Карбинци тројца евакуирани, изгореа две викенд куќи, станица за вода и фотоволатична централа

На истокот попладнево беснееја два големи пожари, едниот во Кочани, а вториот во Карбинци. Кочанските пожарникари се бореа со огнените јазици во близина Филтер станица за вода за пиење, а во последен момент е спречено огнот да се прошири кон првите куќи на ромското маало. Во Карбинци настрадаа две викенд куќи, препумпната станица за вода за пиење, фотоволтаична централа, шумски појаси и околу 100 хекатри земјоделско земјиште и култури. Од една од викенд куќите во последен момент двајца полицајци и месното население евакуирале три лица.

Пожарот во атарот на Крабинци почнал во 16 часот, пожарникарите и месното население тешко се справивало со огнените јазици поради силниот ветар.

– И покрај брзата интервенција од противпожарната единица, коишто со четири возила и дваесеттина пожарникари и месното население беше со земјоделска механизација, меѓутоа не успееја да се спротистават на силниот ветар, којшто се уште беснее и дополнително го отежнува гаснењето на овој пожар, вели Насев.

Мештани се категорични дека пожарнот не е настанат од стрништа, туку според нив огнот почнал да се шири во близина на трафостаницата.

Пожарот е ставен под контрола да не се шири кон селата Радање и Таринци, пожарникарите и месното население се уште се на терен.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Дејан Дејан

Протест пред Култура поради непостигнатиот договор за зголемени плати

Дејан Дејан

За еден месец изгорени повеќе од 400 хектари шума на Шар Планина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе