Откако вчера премиерот излезе со предлог, изборите да се одржат на 31 октомври, наместо на 17, како што беше планирано, партиите се обвинуваат меѓусебе дека на другите не им се оди на избори.
Од ВМРО ДПМНЕ, пак, обвинуваат дека Заев го пролонгира датумот за локални избори на своја рака и без консултации со другите партии, со надеж дека ќе го ублажи поразот.
И за Алијанса за Албанците е прифатлив единствено датумот 17 октомври, додека на ДУИ им е апсолутно сеедно кога ќе се одржат изборите.
Евентуалната промена на датумот за избори ќе треба да биде предложена со закон и за неа ќе мора да се согласат сите партии, затоа што, за промена на Изборниот законик е неопходно двотретинско мнозинство . Крајниот рок за распишување на изборите е 7 август.
Далиборка Демјанска Цветановска
