Македонија Најважни

Во Кавадарци вакцинирани 43,5% од населнието, а најмалку во Кичево 15,8%

Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега  примиле 27,5% од граѓаните.

Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следи Охрид со 42,9% и  Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места:  Дебар со 17,3% , Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%.

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:

Ресен 39,8%; Битола 38, 9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Велес 31%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%;  Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и  Гостивар 17,8%;

Министерот за здравство др. Венко Филипче на денешната прес конференција за медиумите порача  дека вакцините се ефикасни и безбедни и дека единствениот начин  да не бидеме затворени и да се вратиме на старите навики е што поголем број на вакцинирани граѓани, само така може да се придонесе до создавање на колективен имунитет и совладување на пандемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот кој Сиљановска-Давкова го доби од Ердоган патува преку дипломатска пошта, таа нема да го користи, велат од кабинетот

Дејан Дејан

Психолог и социјален работник предложени за членови на Советот за граѓански надзор врз прислушувањето – кандидатка е сопруга на директор на театар

Дејан Дејан

Рачна бомба фрлена кон ресторан во тетовско, две лице се повредени во експлозијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе