Вести Свет Топ вести

Забавата на Миконос заврши, туристите масовно си заминуваат

Воведувањето на полициски час, како и забраната за музика во кафулињата на грчкиот остров Миконос ги натера туристите пред време да ги спакуваат куферите и да си заминат од познатото туристичко место.

Ситуацијата со корона вирусот, а посебно делта сојот, на Миконос стана загрижувачка, откако е утврдено дека речиси 50% од новите случаи на островот се поврзани со местата за забава. Властите се принудени да ги вратат старите мерки за да го спречат ширењето на вирусот, но и да спроведат ригорозни контроли на траектите кои ги носат туристите до островите. Во изминативе три дена, на две илјади и 500-тини луѓе им било забрането да се качуваат на траект до грчките острови затоа што немале потребна документација за вакцинација или негативен ПЦР тест.

За Миконос, локалните власти велат дека од десет тестирани, најмалку еден е позитивен на вирусот, а бидејќи единствениот хотел за карантин е преполн, и новите заболени не заминуваат од островот, туку кампираат на плажите. Просечната возраст на новите случаи е 27 години. За дел од туристите забавата е завршена, и си заминуваат, но има и туристи кои одлучуваат да останат.

  • Има многу позитивни случаи. Мислам дека до сега требаа нешто да преземат, многу ми е интересно што дозволија вака да се рашири, вели една млада туристка.
  • Ова ќе предизвика домино ефект, ќе се откажат сите други настани, смета сопственик на кафуле.
  • Навистина размислувавме да си заминеме, да го откажеме патувањето. Дојдовме со авион, ќе видиме дали може безбедно да си заминеме, вели друг турист од Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ердоган им подари на сите лидери на НАТО гравиран револвер и кутија со боева муниција

Kristina Kuzmanovski

За пари од осигурување лажно пријавиле сообраќајка, „Безбеден град“ ги откри

Kristina Kuzmanovski

Генералниот секретар на Интерпол: Maкедонија е важен партнер во борбата против организираниот криминал

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе