Државниот завод за статистика соопшти дека утре ќе биде објавен конкурсот за пријавување кандидати за реонски попишувачи и инструктори, кои ќе бидат дел од тимот што ќе го спроведе Пописот на населението, домаќинствата и становите во државата во септември.
Конкурсот ќе трае до 5-ти август а ќе биде објавен во 4 дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk.
На веб-страницата ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
