Нема нови мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот во земјава. Комисијата за заразни болести утрово ја разгледало моменталната епидемиолошка состојба, која на членовите им ја презентирал претседателот на Комисијата д-р Жарко Караџовски, а по констатацијата дека таа е стабилна, според информациите на Телма, на состанокот воопшто не било отворено прашањето за воведување нови мерки.
Притоа утврдено е мало зголемување на нови случаи на позитивни во Скопје и во Тетово, за што Комисијата, преку соопштение, информира дека во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на протоколите при организирање семејни и друг вид веселби во затворен простор. Сепак, Комисијата во моментов останува на досега препорачаните мерки, кои, како што наведуваат од таму, би се заостриле во моментот кога ќе се укаже потреба за тоа.
