Македонија Најважни

(видео)По удар на гром повредени 13 лица во Охрид

Попладнево на плажата „Оревче“ во Охрид од удар на  гром повредени се 13 лица, но за среќа петмина помина  без поголеми последици.

Настанот се случи откако Охридскиот регион после 15 часот го зафати силно невреме, проследено со ветер, дожд и електрични празнења.

По ударот на гром, интервенираше и Итната помош, па петмина со изгореници по рацете и нозете се  пренесени во Охридската болница, а останатите се пожалиле на тахикардии, претрпен шок и поблеми со слухот. Поголемиот дел беа  посетители од Битола и Ресен.  

По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување, потврдија за Телма од болницата во Охрид.

Случајот е пријавен и во охридката  полиција, а полициски службеници извршија увид на плажата Оревче во Градиште. Посетителите ги напуштаа плажите, Охрид се испразни,  а голем број настани се откажаа  по силното невреме што попладнево го зафати Охридскиот регион. 

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во кабина на товарно возило најдени 24 пакувања со марихуана – возачот е уапсен на излез од државата

Дејан Дејан

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе