Попладнево на плажата „Оревче“ во Охрид од удар на гром повредени се 13 лица, но за среќа петмина помина без поголеми последици.
Настанот се случи откако Охридскиот регион после 15 часот го зафати силно невреме, проследено со ветер, дожд и електрични празнења.
По ударот на гром, интервенираше и Итната помош, па петмина со изгореници по рацете и нозете се пренесени во Охридската болница, а останатите се пожалиле на тахикардии, претрпен шок и поблеми со слухот. Поголемиот дел беа посетители од Битола и Ресен.
По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување, потврдија за Телма од болницата во Охрид.
Случајот е пријавен и во охридката полиција, а полициски службеници извршија увид на плажата Оревче во Градиште. Посетителите ги напуштаа плажите, Охрид се испразни, а голем број настани се откажаа по силното невреме што попладнево го зафати Охридскиот регион.
Емилија Мисирлиевска
