Во голем пожар изгоре пилана и столарска работилница во Ново Село и складиште со градежни материјали во соседниот двор. Со часови противпожарните единици се бореле со огнената стихија во раните утрински часови, а гасењето било отежнао и поради теренот во кој требало време да се пристапи до објектот.
Во дворот на пиланата се уште чади. Очевидци на пожарот имало малку, објектот се наоѓа надвор од селото. Оние што го познавале објектот порано, велат дека била огромна фабрика.
Од противпожарната единица Струмица велат дека во гасењето учествувале четири противпожарни возила и десет пожарникари-спасители. Увидна екипа на СВР била на местото на настанот. Материјалната штета и причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
Сузана Мицева
