Македонија

Небезбеден магистрален пат, живот во ѓубре- Босилово е без канализација

Небезбеден магистрален пат, село без канализација, живот во ѓубре и безброј диви депонии. Ова се најчестите забелешки и проблеми со кои се соочуваат жените од струмичко Босилово. Нивните барања и проблеми не се ниту нереални ниту неостварливи, но со години нема решение и им го прави животот на село потежок. Според психологот Лидија Манушева, жените во руралните средини потешко ги адресираат своите потреби до општините.

Манушева како дел од проект на Организација на жени Струмица се обидува да ги мотивира своите сограѓанки да бидат погласни и поодлучни и да се изборат за своите потреби. Токму затоа во следниот период ќе ги застапуваат приоритетните потреби на жените од Босилово.

И досегашните истражувања и анализи на државно ниво покажуваат помала економска самостојност и независност но и мала вклученост на жените од руралните средини во општествениот и политичкиот живот. Во руралните општини не е голем бројот на жени во општинските совети и на раководните функции.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oд дискриминација при распределување на средства, фаворизирање адвокат, местење тендери, па се до фиктивни исплати – Ревизија ја оцени најлошо Агенцијата за вработување

Tea Dimkovska

(Видео) Напуштен подрум во Аеродром, скривалиште за халуциногени печурки, таблети, екстази и марихуана

Kristina Kuzmanovski

Муцунски од Анкара: Активно придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе