Македонија Топ вести

Лесна заработувачка со копање на биткоини- однесе во полициска станица жител на Ѓорче Петров

Масовната појава за лесна заработувачка со копање на биткоини- однесе во полициска станица жител на Ѓорче Петров – крадел струја за да копа криптовалути. Невообичаено зголемената потрошувачка на струја, честите дефекти ги алармираа и надлежните. Веќе детекртираа и во кои реони„ на големо“ се краде струја за да се печалат виртуелни пари. Велат оваа појава мора да се прекине за да не трпи целата електродистрибутивна мрежа и другите потошувачи.

Крадел струја за да копа биткоини – бизнисот со криптовалути однесе во полициска станица 37 годишен жител на Ѓорче Петров. Полицајците вчера го привеле – кај него пронашле и одзеле 7 компјутери „мајнери“ за копање криптовалути.

Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави. Постојат  основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик.“- соопшти МВР.

Копањето криптовалути е масовна појава во светот- се тврди дека е многу профитабилен бизнис кој масовно се шири и кај нас.

Дека нешто чудно се случува во електродистрибутивната мрежа прва јавно проговори РКЕ уште во февруари, откако ги доби податоците од операторите. Преоптоварување на мрежата, чести  дефекти, загуби и невообичаено зголемена потрошувачка на струја, бил првиот аларм за нив.

Воочивме дека во овие подрачја каде што има зголема активност за копање биткоини квалитетот на електричната енергија се намалува. Поради неовластено преземање на електрична енергија и поради тоа што потрошувачката драстично се зголемува се намалува квалитетот на електрична енергија кај останатите домаќинства. Има и доста случаеви кога домаќинства кои што копаат биткоини неовластено се прикачуваат на броила кои што регистрираат јавно осветлување- Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Анализите покажале дека кражби на струја заради копање на биткоини има во Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Арачиново, Гостивар,Тетово. За копање на биткоини потребни се копјутери со јаки процесори и графички картички, кои пак трошат многу повеќе струја од  максималната за едно домаќинство.

За да „заштедат“ или да не предизвикаат дефект- копачите често се одлучуваат да вадат една фаза од броилото кое пак таа потрошена струја не ја регистрира. Зголемената потрошувачка ја оптоварува целата мрежа, а паѓа и квалитетот на испорачаната струја.

Попластично да објаснам. Тоа би значело доколку на ринглата на еден шпорет претходно кафето сте го вареле за две минути сега ќе се вари за пет минути, а притоа ви се зголемува и потрошувачката на електрична енергија. Значи мора да се преземат соодветни мерки со цел да се искорени оваа појава на неовластено преземање на електрична енергија заради копање на биткоини – Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Честите дефекти и зголемента потрошувачка  го уклучиле алармот и кај ЕВН. Копачите користеле креативни начини како да останат незабележани.

ЕВН: Имаме дојави дека копачите на биткоини ги сместуваат компјутерите и во напуштени селски куќи каде сметаат дека потешко ќе бидат откриени и нема да ја нарушат стабилноста во снабдувањето во соседството.

Надлежните алармираат да се спречи оваа масовна појава. Или да се најде начин да се регулира, за да не трпи целиот систем и потрошувачите. Годинава се поднесени 120 пријави за кражби на струја, а лани бројката достигнала до 250. Струја се крадела насекаде, а најмногу и од трагачи по биткоини.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стабилна состојба, но сериозна – словачкиот премиер Фицо е на интензивна нега по обидот за атентат и петчасовната операција

Дејан Дејан

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Дејан Дејан

Прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ за новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе