Македонија Најважни

Гласањето со отпечаток од прст се` уште неизвесно?!

Компанијата е избрана, но работата не е завршена. Доколку има само една жалба на тендерот за набавка на биометриски апарати, наесен нема да се гласа со отпечеток од прст.Роковите се тесни, а постапките долги. Најдобра понуда на тендерот имала германската компанија „Дермалог„, и таа ќе треба да ја обезбеди техничката опрема за спроведување на изборите со отпечаток од прст. Но, на повикот се пријавиле четири компании, кои сега имаат рок од десет дена да достават жалби.

Прашан какви се гаранциите дека податоците на граѓаните нема да бидат злоупотребени, Даштевски нагласи дека гаранциите се предвидени во самиот тендер.

Тесен е и рокот за достава и обуки. Доколку се` биде во ред, опремата се очекува да стигне  дури кон крајот на септември. Прво ќе стигнат 200 апарати со кои ќе се врши обука на членовите на избирачките одбори, а потоа остатокот.

Системот нема да биде поврзан со базата на МВР. Апаратите ќе се полнат претходно само со податоци за гласачите од гласачкото место на кое ќе се наоѓаат. Доколку гласачот веќе гласал претходно, апаратот ќе сигнализира црвено, доколку е дојден на погрешно гласачко место, ќе сигнализира жолто, а зеленото ќе значи дека е се` во ред. При дистрибуцијата на денот на изборите, апаратите ќе имаат третман на доверлив материјал.

Со цел да не падне системот на  ДИК на денот на зиборите, како што беше случај лани, Даштевски тврди дека се преземени повеќе мерки. Избирачкиот список се ажурира на дневна база и очекува се` да биде во ред.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oд дискриминација при распределување на средства, фаворизирање адвокат, местење тендери, па се до фиктивни исплати – Ревизија ја оцени најлошо Агенцијата за вработување

Tea Dimkovska

(Видео) Напуштен подрум во Аеродром, скривалиште за халуциногени печурки, таблети, екстази и марихуана

Kristina Kuzmanovski

Муцунски од Анкара: Активно придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе