Македонија

Во Скопје отворен булеварот „Никола Карев“ под касарната Илинден

Денеска официјално се пушти во употреба новозавршената делница на булеварот Никола Карев. На прес-конференцијата по повод отворањето на булеварот се обрати градоначалникот Петре Шилегов.

Проектот за проширување и реконструкција на булеварот „Никола Карев“ се реализираше во две фази, a градежните работи од оваа фаза се извршуваа на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин Поток во  вкупна должина од 980 метри. Со овој проект постојниот коловоз се прошири на 4 сообраќајни ленти, со разделно зеленило и нови мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни.

– Станува збор за исклучително фреквентна сообраќајница која е најмногу искористена од жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница користена е и од оние што само минуваат низ овој дел на градот. Оваа сообраќајница ќе се надоврзе и на новата клучка кај Момин Поток чија изведба ќе започне наредната недела, а со нејзиното завршување очекуваме значително да се намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот – кажа Шилегов.

На булеварот „Никола Карев“, во оваа втора фаза од реконструкцијата, се изведе и нова атмосферска канализација и потпорен ѕид во должина од 690 метри, а поставено е и ново лед осветлување од двете страни. Вкупната инвестиција во втората фаза на овој проект изнесуваше околу 160 милиони денари.

За потсетување, минатата пролет Градот Скопје ја заврши првата фаза од реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од клучката кај Бит-пазар до крстосницата кај касарната „Илинден“ во вкупна должина од 1.440 метри.

Градоначалникот Шилегов им се заблагодари на граѓаните за нивното трпение додека се извршуваа градежните работи, а најави дека од нередната недела ќе започнат и градежните работи за клучката кај Момин поток како и на повеќе други локации, протоа апелирајќи граѓаните да покажат разбирање додека траат градежните работи и да ги следат информациите за привремен режим на сообраќај што ги објавува Градот Скопје.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

„Kога веќе Шилегов бил на отвoрањето на Булеварот „Никола Карев“, да го прашаме одејќи до Калето, дали помина во тунелот под Кале кој помпезно го најавуваше? Целосен хаос во сообраќајот има на само неколку метри од локацијата каде што неработникот Шилегов даваше изјава, на Пластичарската улица, проект кој што исто така Шилегов го најaвуваше со фанфари, а не бидна ништо од него“, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oд дискриминација при распределување на средства, фаворизирање адвокат, местење тендери, па се до фиктивни исплати – Ревизија ја оцени најлошо Агенцијата за вработување

Tea Dimkovska

(Видео) Напуштен подрум во Аеродром, скривалиште за халуциногени печурки, таблети, екстази и марихуана

Kristina Kuzmanovski

Муцунски од Анкара: Активно придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе