Компанијата е избрана, но работата не е завршена. Доколку има само една жалба на тендерот за набавка на биометриски апарати, наесен нема да се гласа со отпечеток од прст.Роковите се тесни, а постапките долги. Најдобра понуда на тендерот имала германската компанија „Дермалог„, и таа ќе треба да ја обезбеди техничката опрема за спроведување на изборите со отпечаток од прст. Но, на повикот се пријавиле четири компании, кои сега имаат рок од десет дена да достават жалби.
Прашан какви се гаранциите дека податоците на граѓаните нема да бидат злоупотребени, Даштевски нагласи дека гаранциите се предвидени во самиот тендер.
Тесен е и рокот за достава и обуки. Доколку се` биде во ред, опремата се очекува да стигне дури кон крајот на септември. Прво ќе стигнат 200 апарати со кои ќе се врши обука на членовите на избирачките одбори, а потоа остатокот.
Системот нема да биде поврзан со базата на МВР. Апаратите ќе се полнат претходно само со податоци за гласачите од гласачкото место на кое ќе се наоѓаат. Доколку гласачот веќе гласал претходно, апаратот ќе сигнализира црвено, доколку е дојден на погрешно гласачко место, ќе сигнализира жолто, а зеленото ќе значи дека е се` во ред. При дистрибуцијата на денот на изборите, апаратите ќе имаат третман на доверлив материјал.
Со цел да не падне системот на ДИК на денот на зиборите, како што беше случај лани, Даштевски тврди дека се преземени повеќе мерки. Избирачкиот список се ажурира на дневна база и очекува се` да биде во ред.
Далиборка Демјанска
