Македонија

Спротивно на барањето на антикорупционерите, Пендаровски го потпиша Указот за Законот за стратешки инвеститор за изградба на автопатишта

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија.

– Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти, наведува Кабинетот на Пендаровски во соопштението.

Инаку, претпладнево Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) своето мислење по однос на Предлог – законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 Д  во Република Северна Македонија, требало денеска да го достави до претседателот на Собранието, но вчера законот е донесен во скратена постапка од стана на пратениците и затоа ќе биде упатено до шефот на државата Стево Пендаровски и понатаму до надлежните институции.

Ова го соопшти на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, која укажа дека ставот на ДКСК, по извршена антикорупциска проверка, е дека овој закон, како целина претставува висок ризик фактор за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Додаде дека донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиски или владин карван ? Си врви, од ден во ден во секоја општина на чело со министерот Перински

Дејан Дејан

(Видео) Агелер: Процесот околу Судскиот совет и судската власт треба да ја следи законската процедура

Дејан Дејан

Закупил деловен простор за двојно повисока цена од пазарната, нова кривична пријава за Перпарим Бајрами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе