Свет Топ вести

(видео)Во Белград се урна зграда, лоцирана веднаш до градилиште, станарите се евакуарани

Во Белград во општината Врачар, во делот на Црвен Крст на улицата Видовданска денес се сруши зграда лоцирана на парцела до актуелно градилиште. Поради уривање на станбената зграда, во тек е евакуација на станарите.

Како што неофицијално дознава порталот Нова.рс, зградата започнала да се урива затоа што најверојатно биле поткопани нејзините темели од градилиштето лоцирано на парцелата до неа.

Засега нема информации дали има повредени и колкава штета е предизвикана, а според станарите, зградата се заканува целосно да се сруши и да остави бројни семејства без покрив над главата.

Како што пишува Курир, повикувајќи се на неофицијални информации, на градилиштето покрај таа зграда поставени се шипови, кои предизвикаа пукање и уривање на оваа станбена зграда.

Увидот на инспекцијата е во тек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

И покрај примирјето, продолжуваат нападите во Газа: Четири жртви во нов израелски воздушен удар

Tea Dimkovska

Путин: Состојбата со горивото е привремен предизвик

Tea Dimkovska

Украина ќе добие лиценца за производство на ракети „Патриот“

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе