Вести Македонија Топ вести

Боки 13 ја обвини Русковска за давање информации за апсења и за истрагата за 27-ми април и ја нарекувала Катица Јанева-свиња, се скара со судијката и побара изземање на обвинителката

-Вилма Русковска ме информираше преку комуникација на „Ватсап“ апликација за апсење на Стевче Јакимовски и ми вели во неа да пратам екипа, рече Бојан Јовановски повикувајќи се на податоци извлечени од неговиот мобилен телефон со вештачење од надлежен орган во МВР.

Но, судијката во процесот „Меѓународен сојуз“ му ече дека веќе потпишал како тие нови податоци ќе ги користи само за потребите на конкретната кривична постапка, а не да спомнува и други предмети. Исто така тие нови докази како што ги нарече Јовановски-Боки 13 не биле доставени до судот и до обвинителството.

Тука почна расправија бидејќи судијката му го одзеде зборот поради непочитување на постапката и на документите за заштита кои ги потпишал.

-Седете Јовановски, му рече неколкупати судијката.

Но обвинетиот шоумен го продолжи шоуто и почна да и вика на судијката.

-Вие ја штитите Вилма Русковска од криминал.!

Потоа надвикувајќи се со судијката рече дека Русковска му давала информации за предистраги на многу случаи кои биле во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, како и дека му давала информцаии кога ќе имало апсења.

-Ми праќаше пораки за 27-ми април, за што мисли за други обвинители, а ја нарекуваше Катица Јанева-свиња, рече Јовановски (Боки 13).

Тој сакаше да прочита дел од пораките, но беше отфрлено од судот, а дел од тие пораки од неговиот мобилен телефон ќе бидат испратени до државниот обвинител Љупчо Јовевски како поткрепа на неговото барање за изземање на Русковска од предметот. Инаку на судењата застпаник на обвинението е Ивана Трајчева.

Адвокатот на Боки, Сашко Дуковски истакна дека не смее да зборува што има во над 100 илјади дигитални податоци од телефонот на клиентот кои досега веќе се прочитани, но рече дека е згрозен од она што го прочитал и што го слушнал за многу судски предмети.

Дуковски исто така истакна дека пораките ги смета за лична комуникација на Јовановски и Русковска, а не за однос меѓу извор и медиум бидејќи во тоа време Јовановски беше директор на сега згаснатата 1ТВ.

Телма контактираше со Русковска, таа само кратко ни рече дека обвинетиот има законско право и можност да ги даде своите докази во обвинителството во барање за нејзино иземање, а не сакаше да влегува во полемика и во коментирање на наводите на Јовановски кој е обвинет во случајот „Меѓународен сојуз“.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

Kristina Kuzmanovski

Од 15 ти месецов нови промени на македонските патишта

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе