Најважни Свет

На Куба уапсени десетици демонстранти

Десетици луѓе се уапсени за време на најголемите протести во Куба во изминатите неколку децении. Кубанците се незадоволни поради влошената економска состојба, недостиг на храна и лекови, високите цени и начинот на кој владата се справи со епидемиолошката криза.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ги повика приврзаниците да се спротивстават на демонстрантите. За време на синоќешното телевизиско обраќање до нацијата, Дијаз-Канел ги обвини САД за немирите и санкциите на Вашингтон, што траат во различни форми од 1962 година, велејќи дека „Америка спроведува политика на економско задушување на Куба“.

Дијаз-Канел демонстрантите ги нарече американски платеници ангажирани од Вашингтон за дестабилизација на Куба и ги повика неговите приврзаници да излезат на улиците и да застанат во одбрана на Кубанската револуција.

– Издадена е наредба да се оди во битка. Револуционери, на улица, нагласи Дијаз-Канел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Макрон сакаше да ја бакне раката на сопругата на Ердоган, таа го одби

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Грција објави мапа која покажува каде е опасната риба-зајак

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе