Вести Македонија

Интерпелациите за Џафери, Николовски и Маричиќ никако да дојдат на дневен ред

Иако сите партии дадоа начелна поддршка за резолуцијата поднесена од ВМРО ДПМНЕ со која се исцртуваат црвените линиии за идентитетските прашања,пратениците се уште не можат да се договорат кога таа да биде ставена на дневен ред на собраниска седница. Нема договор ниту за поднесените интерпелации против тројца високи функционери .

Интерпелациите за Вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски и за министерот за правда Бојан Маричиќ беа ставени на дневен ред на една од седниците кои се почнати но не се завршени а продолжението се уште не е закажано. Нема информација и за барањето одговорност од собранискиот спикер Талат Џафери за кој ВМРО ДПМНЕ тврди дека сторил кривично дело затоа што се обратил на албански јазик на самитот на Европскиот парламент.

Она за што се договориле пратениците на денешната координација е до крајот на месецот да одржат три седници. На 15 јули ќе се расправа за Законот за извршување на буџетот додека на 22 јули на дневен ред се пакетот закони кои се дел од антикризните мерки и ќес е носта по скратена постпака, Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на Ковид 19, Законите за финасиска поддршка на инвестиции и за работни односи. Последниот четврток од месецот е резервиран за пратенички прашања по што се очекува собранискиот спикер Талат Џафери да ги распише локалните избори кои најверојатно би се одржале на 17 октомври а пратениците ќе заминат на колективен одмор.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

Kristina Kuzmanovski

Од 15 ти месецов нови промени на македонските патишта

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе