Вести Македонија

Владата преговара со концесионерите да се откажат од хидроцентралите на Шара

Дивоградбите остануваат дивоградби и никогаш нема да се легализираат, ренџерската служба ќе ги брка дрвокрадците,нови мини хидроцентрали нема да има и се преговара за некои од сопствениците на концесиите да се откажат за да се зачува природата во новиот национален парк Шар Планина. Паркот е на површина од речиси 63 илјади хектари од кои 26 отсто се во зона на строга заштита.

Приоритет се мини хидроцентралите па затоа Владата преговара со дел од концесионерите да се повлечат и воопшто да не почнат со градба. Нови нема да има а онаа на Лешница ќе биде запрена.

Попова Шапка ќе биде туристички центар во посебен заштитен појас за да се овозможи одржлив развој на центарот.

Сепак за дивоградбите на Попова Шапка кои се над педесетина, како и досега, ќе остане надлежна локалната власт која во контиунитет не превзема ништо.

Невладините го поздравија носењето на законот и сметаат дека со ова ќе се воспостави ред но сепак се е до свеста на граѓаните кога станува збор за отпадоците, дивогрдбите и дивата сеча.

Во наредните три месеци Владата ќе ја основа Јавна установа која ќе раководи со националниот парк а ќе се формира и ренџерска служба која треба да се бори со дрвокрадците и да ја спречи натамошната девастација на теренот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик останува блокиран, партиите не се ни чекор поблиску до договор

Дејан Дејан

Заменскиот поевтин лек за болните од астма и ХОПС го нема во аптеки – Клековски најавува решение до петок

Дејан Дејан

Со владината одлука за геолошки истражувања во источниот регион се отвора патот за нови рудници – велат од Здрава Котлина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе