Во Велешката болница е пациентот кај кој е детектиран индискиот сој на корона вирусот, познат како делта сој. Состојбата на овој пациент е стабилна и тој има полесна клиничка слика од болеста, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Во меѓувреме, се чекаат резултати за уште четворица, дали и тие се заболени од делта варијантата. Сите се лечат во Скопје, а само еден од нив е со потешка клиничка слика. Филипче додаде дека лабораторијата на ИЈЗ и МАНУ ја исклучиле британската варијанта кај овие пациенти, и потоа се направило секвенцион ирање за евентуално присуство на индискиот сој. Резултатите се очекуваат до вечерва. Доколку се потврди дека имаат делта варијанта вкупниот број на заболени од индискиот сој кај нас, би бил осум.
Ниту еден од заболените не бил вакциниран.
