Со прифаќањето на резолуцијата СДСМ сака да испрати силна порака дека со Бугарија не се преговара за македонскиот јазик и идентитет и дека тоа е затворена тема. Резолуцијата ќе ја прифатат онака како што е предложена.
Резолуцијата е поднесена врз основа на две декларации. Едната за развој на однсоите на Македонија со ЕУ усвоена во Собранието на 4 февруари 1998 година и другата врз основа на резултатот од референдумот одржан на 8 септември 1991 година. Во текот на денешниот ден, пратениците до ВМРО-ДПМНЕ одржаа поединечни средби со Демократскиот сојуз, ДОМ, Левица и ЛДП од кои добија поддршка на предложениот текст.
Малите партии очекуваат резолуцијата да с еусвои со акламација.
Со резолуцијата се предлага преговорите да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.
Јулијана Пешевска
