Македонија Најважни

Филип Рикер побара од Македонија да ги зајакне реформите за да обезбеди просперитетна иднина за граѓаните

Меѓународната заедница го препознава значајниот напредок што го направи Северна Македонија и храброста да се постигнат овие рршенија. Уште многу работа останува да се направи и отворањето на преговорите со Европската Унија е почеток на процесот што ќе налага натамошна посветеност, ова вечерва во Охрид го изјави помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, на отворањето на конференцијата „Патот до Преспа“, во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог.

Рикер подвлече дека САД стојат зад Северна Македонија како сојузник и како пријател.

Американскиот дипломат Филип Рикер побара од Македонија да ги зајакне реформите за да обезбеди просперитетна иднина за нејзините граѓани.

Тој во своето обраќање на форумот за дијалог Преспа, истакна дека Македонија треба да направи уште многу во процесот на пристапување кон Европската унија да го зајакне владеењето на правото, да се справи со корупцијата и да ја зголеми транспарентноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештајот за непотребните операции на срце поминал на затворена владина седница, откри Клековски без да даде повеќе детали

Дејан Дејан

Кој создава простор за изборен грабеж, а кој свесно ги блокира реформите – траат партиските препукувања околу Изборниот законик

Дејан Дејан

Буџетот развоен и реален за власта, преоптимистички и со погрешни проекции за опозицијата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе