Вести Македонија Топ вести

Заев верува дека обновените конекции со Бугарија ќе дадат резултат

Наредната недела, премиерот Заев за прв пат ќе се сретне со бугарскиот премиер Стефан Јанев. Оваа средба ќе биде дел од протоколот на донирање 50 илјади вакцини, но ќе биде искористена за да се договори средба на која ќе се разговара околу отстранување на пречките за првата меѓувладина конференција со Европската комисија. Заев верува дека овие обновени конекции со Бугарија на премиерско и на министерско ниво, ќе дадат резултати.

Министерот Бујар Османи останува на ставот дека јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговори. Вели дека нашата Влада има конструктивен однос со бугарската, а, предлогот од Португалија претставува добра основа за надминување на спорот.

Османи изрази жалење што се уште немаме амбасадор во Софија, во момент кога е потребна интензивна комуникација меѓу двете влади. Но, во моментот има интензивна координација меѓу премиерот, претседателот и Министерството за надворешни работи за да се утврди кандидат кој соодветно би одговорил на својата мисија.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР поднесе кривична пријава против осуммина вработени во Државниот инспекторат за труд за трагедијата во „Пулс“

Tea Dimkovska

МВР без одговор дали има кривична пријава за избоденото момче во Ченто

Tea Dimkovska

Крави и коњи цела недела шетаат по градските улици во Тетово – никој не знае чии се

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе