Вести Македонија Топ вести

Владата најавува силен инвестициски циклус од 8 милијарди евра

Фотонапонски централи, гасни електрани и ветерни паркови треба целосно да го заменат производството на струја од јаглен. Тоа, според премиерот Заев, носи модернизација, инвестиции, нови работни места, енергетски развој но и заштита на животната средина. Ова е само дел од економските развојни планови на Владата за периодот 2021-2027. Премиерот промовираше неколку десетици проекти и за експресни и локални патишта, за скијачки центри на Попова Шапка и на Осоговските планини, за Клиничкиот центар во Ѓорче Петров, за еколошко согорување отпад, за откуп на домашни производи во Лидл во Скопје. Очекува вкупни инвестиции од 8 милијарди евра.

Според пресметките на премиерот, само во ТИРЗ-овие и во индустриските зони, веќе се договорени или се пред потпишување 30 нови странски инвестиции во вкупна вредност од 609 милиони евра. При презентацијата на овој интервентен инвестициски план во постковидниот период, Заев најави и формирање посебна Единица за следење на инвестицискиот процес.

Во првата половина на јуни, готов ќе биде и ребалансот на буџетот.

Заев најави дека основа за новиот буџет ќе бидат приходите кои растат, новите кредитни линии и посебната мерка на ММФ.

 

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР поднесе кривична пријава против осуммина вработени во Државниот инспекторат за труд за трагедијата во „Пулс“

Tea Dimkovska

МВР без одговор дали има кривична пријава за избоденото момче во Ченто

Tea Dimkovska

Крави и коњи цела недела шетаат по градските улици во Тетово – никој не знае чии се

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе