Економија Топ вести

Акционери од Стопанска банка протестираа пред апелација

Оштетени акционери од Стопанска банка незадоволни од одлуките на Апелација се собраа пред зградата на Судот.

Обвинуваат дека не им е исплатена дивиденда и дека под притисок на Банката е поништена одлуката со која се укинува пресудата на првостепениот суд во спорот што го водат акционери на Стопанска банка.

Од банката ги демантираат тврдењата на акционерите.

„Повеќе од 20 години познато е дека Стопанска банка АД – Скопје и Групацијата на Националната Банка на Грција целосно ги почитуваат законите и прописите на Република С. Македонија и секогаш работат врз основа на најдобрите меѓународни практики. Исто така, во различни прилики јасно и со апсолутна искреност ги презентиравме ставовите на Банката во врска со прашањето што се појави од мала група акционери во последните две години.

Би сакале повторно да потенцираме дека спорот не е помеѓу Банката и акционерите, ниту помеѓу главниот акционер и другите акционери. Оттука, најостро Банката ги отфрла сите изнесени инсуинации за наводни притисоци врз судството. Се работи за вештачки креиран спор од мала група на акционери иматели на приоритетни акции кои претставуваат 0.5% од вкупниот број на акции наспроти мнозинството кое поседува над 99.5% од акциите на Банката. Сите нивни напори и намери се да извлечат дополнителни дивиденди од преостанатите акционери, спротивно на сите одлуки на Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје од деведесеттите години до денес.

Банката целосно ги почитува одлуките на судовите во земјата. Очекуваме и останатите да го сторат истото и да ги остават настрана притисоците преку медиумите врз судскиот систем и другите институции. Секаде и секогаш споровите се решаваат во судовите, врз основа на докази и аргументи што секоја страна ги има на располагање. Исто така, насекаде во светот за дивидендите на акционерите одлучува исклучиво собрание на акционери и никој друг.“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Џафери ја прозва Арсовска за косење на тревата во владиниот двор

Дејан Дејан

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Крвопролевањето продолжува, делегациите ги напуштија преговорите – Израел и Хамас без договор во Каиро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе