Македонија Најважни

Пендаровски: Со Радев одиме во Ватикан на чествување, а не на преговори

Заедничката посета на Ватикан на претседателите на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев, е чествување сесловенските просветители Свети Кирил и Методија а не нова серија на преговори и разговори за да се најде евентуално решение на спорот со Бугарија. Претседателот Пендаровски потенцираше дека тие ќе чествуваат личност за која историската Комисија не најде ништо спорно.

Идејата за заедничка посета потекнала уште минатиот месец а според планот бугарскиот претседател Радев ќе слета во Скопје каде ќе се приклучи македонската делегација. За Пендаровски ова е симболичен политички гест во пресрет на стартот на преговорите и можност да се олабави атмосферата и очекиува џентлменски разговор.

Повторните парламентарни избори во Бугарија се закажани на 11 јули а техничката Влада на чело со техничкиот премиер Стефан Јанев децидно соопшти дека немаат надлежност околу спорот со Македонија и нема да преземат никаков чекор во таа насока и покрај изјавите на премиерот Заев, вицепремиерот Димитров и шефот на дипломатијата Османи дека очекуваат преговорите да продолжат и во овој период.  Бугарија стави вето на преговарачката рамка за Македонија со барање да се прифатат нејзините барања околу историјата и јазикот. Европската унија неколку пати соопшти дека без консензус Македонија не може да ги почне преговоирите за  членствово ЕУ.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Атанасовски: Со реконструкцијата се измери коалициската вредност на ЗНАМ

Tea Dimkovska

Незири смета дека Влен се откажал од министерството за здравство за да го отстрани Азир Алиу

Tea Dimkovska

Кржаловски: Одбранбен механизам е тоа на секоја нова влада – ‘Удри по старата!’

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе