Вести Македонија Топ вести

Заев најави нова политика на СДСМ, за промена на менталитетот на политичките партии во земјава

Сања Лукаревска е новиот заменик-претседател на СДСМ. Со 682 гласа за и два против делгатите на изборниот конгрес на партијата ја изгласаа Лукаревска, актуелен директор на УЈП, за наследник на Радмила Шекеринска, на партиската функција. Шекеринска која е актуелен министер за одбрана пред десетина дена најави дека нема да се кандидира повторно за оваа функција, но и дека нема да прифати друга партиска функција.

Во новиот Централен одбор избрани се лекарите Венко Филипче, Милена Стевановиќ, Софија Пејкова и, Ана Данева, Како и Адријана Будимир, Дарко Каевски и Нина Фити.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во обраќањето на Конгресот и лично и се заблагодари на Шекеринска за изминатите четири години како негов заменик.

„Благодарност до мојата другарка Радмила што беше моја заменичка во најтешките години, кога земјата ја извадивме на прав пат“, рече Заев.

По избороти на заменик-претседателот, во СДСМ се бираше новиот централен одбор од 120 члена, како и надзорниот одбор, за кои Заев во обраќањето на конгресот рече дека 2/3 ќе бидат нови лица. Откако присутите 703 од 809 делегати на конгресот ќе го изберат централниот одбор, тоој ќе пристапи кон избор на потпретседателите на партијата. Засега не се знае кој од досегашните четворицата замениците-претседатели на СДСМ и Мила Царовска, Оливер Спасовски, Коста Петров и Мухамед Зеќири ќе ја задржи оваа партиска функција, а неофицијлано како ново име на потпретседателска функција се споменува актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

Конгресот го отвори лидерот на партијата Зоран Заев кој во 20 минутно обраќање зборуваше за предизвиците со кои се соочила партијата во изминатите четири години, но и успесите кои ги постигнала, нарекувајќи ја во неколку наврати партијата државотворна и гарант за узпех на државата. Заев секоја успешна политика на СДСМ како на намалување на невработеноста, подигање на стандардот на граѓаните, унапредување на економијата, реформите во судството, борбата против корупцијата, ја споредуваше и потсетуваше на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја деструктивна партија.

„За нас, за мене, немало мирен мандат, немало мирно море. Не сум го ни очекувал тоа. Имало само пoстојана битка за доброто на нашата земја, за нашиот народ. Ние од почеток се боревме на два фронта истовремено: на надворешен план, мораше да се решаваат наследени децениски проблеми, прашања за кои никој не собрал храброст да ги решава речиси 30 години, од осамостојувањето на нашата држава… На внатрешен план, од првиот ден кога почнавме да ја водиме Владата, ние сме соочени со целосно деструктивно водство на опозицијата, со истата режимска матрица која прави се` за да ги спречува реформите, која прави се’ за да нема правда, да нема напредок, која блокира, кочи и го поткопува секој чекор кон подобро живеење“, рече Заев.

Заев во обраќањето најави и дека ќе има и нови политика на партијата за промена на чинот на работење и менталитетот на партиите во земјава која ќе се реализира преку пет столба – обновување на досегашната кадровската понуда, но без откажување од претходните, целосно ангажирање на капацитетите во борба против корупцијата и криминалот, охрабрување на различно мислење и почитување на туѓи ставови, градење на СДСМ за новото време поточно млад СДСМ и поттикнување на мотивациата на граѓаните.

Заев беше избран за претседател на партијата на непосредни партиски избори на 21 март на кои беше единствен кандидат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на Гоце Делчев

Дејан Дејан

Тројца грабнале скопјанец го тепале и уценувале, меѓу нив и еден полицаец

Дејан Дејан

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе