Свет Топ вести

Судирите во Газа се засилуваат, бомбардирани канцелариите на АП и Ал Џезира

Размената на оган помеѓу Израел и Хамас продолжи со несмалена жестина и денеска, кога во Тел Авив пристигна американски дипломатски претставник за да учествува во разговори за прекин на насилствата. Најмалку 150 лица загинаа во Појасот Газа и Западниот Брег, додека во Израел загинаа 7 цивили и еден војник. 34 од загинатите во израелските воздушни напади врз Газа се деца, додека во ракетните напади на Хамас врз израелска територија животот го загубија 2 деца.

Денеска Израел бомбардираше висококатница во Газа, во која беа сместени канцеларии и студија на Асошиејтед Прес, Ал Џезира и други интернационални медиуми. Израел тврди дека зградата била таргетирана затоа што во неа имало воени елементи на Хамас, но сопственикот на зградата демантира.

Уште десет минути. Тука се пред мене, сите се репортери. Тие не се луѓе кои имаат борбена опрема. Сакаат да ги земат своите камери, рече во телефонскиот разговор со офицер од израелското воздухопловство сопственикот на зградата Џавад Махди.

Зградата беше еден од највисоките објекти со широк поглед над Газа. Извршниот директор на Асошиејтед прес изјави дека за влакно избегнале трагедија бидејќи им било наредено од страна на израелската армија да ја напуштат зградата еден час пред да биде бомбардирана.

Мораме да дознаеме зошто оваа зграда беше таргетирана. Во контакт сме со израелската влада, ја слушнавме нивната изјава, но мораме да дознаеме повеќе. Го контактиравме и американскиот Стејт департмент за да дознаеме колку што може повеќе и да бидеме сигурни дека ова нема повторно да се случи, изјави Гери Пруит, претседател и извршен директор на АП.

За последните случувања повторно се огласи и Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел. Откако претходно неделава изјави дека унијата веќе подолг период нема речиси никакво влијание врз Израел, и ги прозва САД дипломатски да интервенрираат, сега порача дека Тел Авив има право да се брани и одговори на неселективните ракетни напади на Хамас, но тоа мора да го прави на пропорционален начин, трудејќи се да избегне цивилни жртви.

Заменик помошникот државен секретар во американскиот Стејт департмент Хади Амр слета денеска во Израел, но неговото пристигнување не беше дочекано со голем ентузијазам. Палестинците дури ги обвинија САД за одолговлекување, нагласувајќи дека испраќањето на американски државен службеник од четвртиот ешалон, нема да ги натера Израелците да послушаат.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се зголеми ли старосната граница за пензиониерање ? Владата ја чека анализата од ММФ

Дејан Дејан

Над 105 милиони евра досега дадени за хеликоптерите на АРМ, првите два ќе долетаат до крај на годината

Sonja Petrusevska

Делувал за службите во Киев – Германија поднесе обвинение против Украинец за саботажа на „Северен тек“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе