Вести Македонија

Новиот шеф на бугарската дипломатија најави дека нема да има промени во позициите кон Македонија

Техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска ја презеде функцијата од досегашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева во рамки на техничката Влада на Бугарија, предводена од техничкиот премиер Стефан Јанев.

Стоев на церемонијата во Министерството за надворешни работи  истакна дека немаат надлежност да ја променат позицијата на Бугарија кон Северна Македонија.

-Немаме надлежност да ја промениме позицијата на Бугарија кон Северна Македонија. Тоа што зависи од официјалниот кабинет на Бугарија и од министерот за надворешни работи ќе биде сторено во насока на продолжување на дијалогот, изјави денеска техничкиот министер за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придржува кон досегашните позиции на Бугарија за Република Северна Македонија.

Според него не би требало да се шпекулира дека ќе има некаква промена во бугарската позиција во следните два до три месеци додека трае техничката влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДУИ ќе протестира за заштита на Охридскиот рамковен договор

Kristina Kuzmanovski

Трамп го предупреди Иран дека САД се подготвуваат за нови напади откако изјави дека примирјето е завршено

Kristina Kuzmanovski

Трамп се закани: Готово е, ќе го удриме Иран силно вечерва

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе