Вести Македонија Најважни

Протест за ослободување на осудените за „27 април“

Неколку илјади луѓе денеска излегоа на протест во Скопје со барање за ослободување на затворените за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година. Протестот под мотото „Демократија во Македонија, слобода за уставобранителите“ почна пред владата, а заврши пред Собранието.

Протестот е во организација на неколку патриотски здруженија.

Учесниците на протестот пеат патриотски песни и скандираат „Никогаш северна, само Македонија“, како и „Слобода за браќата“. Тие побараа и оставка од Владата и предвремени избори. Насобраните носат македонски знамиња, транспаренти и маици со барање за безусловно ослободување на осудените. Според организаторите, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани, а досудените казни драконски.

Македонската химна ја изведоа оперскиот пејач Игор Дурловски и пејачката Андријана Јаневска, кои пред Собранието испеаја уште неколку песни. Дурловски беше еден од обвинетите во судскиот процес, но беше ослободен од вина.
Меѓу присутните се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата претходно соопштија дека го поддржуваат протестот и бараат ослободување на „уставобранителите“.

Од СДСМ реагираат дека со поддршката на денешниот протест ВМРО-ДПМНЕ стои на браникот на криминалот и криминалците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илиевска: Ниту една партија не сака ништо да промени, никој не треба да зема пари за кампања

Sasko Dimovski

Ивановска: Се докажа дека интересот е вечен и само тој ги спојува партиите, промените на Изборниот законик се сведоа на електронско гласање на дијаспората

Sasko Dimovski

Собранието ја изгласа потребата за носење на Изборниот законик по скратена постапка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе