Македонија Топ вести

30 дневен притвор за Рашковски во Шутка откако беше прифатена жалбата на јавниот обвинител

Екс-генералниот секретар на владата Драги Рашковски се сели од домашен притвор во Шутка.

Попладнево кривичниот совет составен од тројца судии ја прифатил жалбата на обвинителството за организиран криминал кое сметаше дека притворот во домашни услови не е доволен и треба затворски притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци во истрагата за набавката на софтверот.

Одлука за притвор во Шутка има и за второосомничениот Даниел Станчев,  управител во фирмата Инвока груп, кој како и Рашковски првично со одлука на судијата на претходна постапка остана во домашен притвор.

“Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, денеска одржа седница во присуство на странките, по која ценејќи го предлогот како и изјавените жалби донесе решение со кое ја прифати жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка. Со тоа на осомничените Д.Р. и Д.С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165, ст.1 т.1 и 2” – соопштија од судот.

Според затворските ковид протоколи, Рашковски и Станчев првите 10 дена во истеражниот затвор ќе бидат сместени во одделението за изолавција по што ќе бидат префрлени во други одделенија .

Уште двајца осомничени добија мерки на претпазивост и ќе се бранат од слобода. Во истрагата што обвинителството ја отвори минатата недела 4 осомничени се товарат за злоупотреба на службената положба при набавка на софверот за безбедност за сообракајот – патент на Рашковски кој досега никоја институција не го користи.

На товар им се става тоа дека фирмата која го нудела конкретниот софтвер  била фаворизирана односно лично Рашковски изготвил техничка спецификација за тендерот да одоговара на неговиот патент.

Парите за софтверот од околу 80 илјади евра легнале на сметакта на Инвока уште пред да биде имплементиран софтверот, забележало обвинителството

Со три одделни јавни набавки направени спротивно на начелото на економичност била предизвикана штета од 178 милиони евра, покажала досегашната истрага.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илиевска: Ниту една партија не сака ништо да промени, никој не треба да зема пари за кампања

Sasko Dimovski

Ивановска: Се докажа дека интересот е вечен и само тој ги спојува партиите, промените на Изборниот законик се сведоа на електронско гласање на дијаспората

Sasko Dimovski

Собранието ја изгласа потребата за носење на Изборниот законик по скратена постапка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе