Македонија

Репортери без граници: Македонија за две места повисоко, но со критики

Две места повисоко, но критиките остануваат. Од 92 –ро, Македонија се најде на  90-то место на индексот на Репортери без граници. Земјата е полошо пласирана од Босна, Албанија и Косово, но подобро од Србија, Црна Гора и Бугарија. 2020 е претставена како вонредна година во Македонија, во која беше распуштен Парламентот, на власт дојде техничка влада, а предвремените парламентарни избори се одложија поради пандемијата.

Според невладината организација, промените во кривичниот законик кои ги подготвува Министерството за правда би требало да донесат поголема заштита за новинарите во државата.

Организацијата за слобода на медиумите и заштита на новинарите во светот, нагласува дека ситуацијата со медиумите се влошува во сѐ повеќе земји и дека пандемијата се злоупотреби за да се ограничи работата на новинарите, а се усложни и работата на терен.

Петта година по ред Норвешка е најдобро котирана. Следуваат Финска, Данска и Шведска. На дното се Северна Кореја, Туркменистан и Кина.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судски совет го пензионира претседателот на Судот во Гостивар, обвинет дека зел 8.000 евра за да влијае врз судии

Дејан Дејан

Новинарите со нов Кодекс по повеќе од 25 години

Sasko Dimovski

Завршните зборови во предметот против екс претседателката на ДКСК, се одложија за утре – доставени нови докази до Судот

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе