Вести Македонија Топ вести

39.000 странски државјани вакцинирани во Србија

Досега Србија вакцинираше 39 илјади граѓани, најмногу од БИХ, Македонија и Црна Гора. Ова го изјави директорот на владината Канцеларија за е-Управа, Михаило Јовановиќ, но не потенцираше колку точно граѓани на нашата земја се вакцинирале во Србија.

„До овој момент вакцинирани се 39 илјади странци“, изјави Јовановиќ за РТС.

Тој потсети дека од денеска почнува нов вид на вакцинирање на граѓаните на Србија, со оглед дека локалните самоуправи организираат пунктови за имунизација, на кои луѓето ќе можат да одат без претходна најава.

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера најави дека ќе сопре вакцинирањето на странски државјани.

Во Србија досега втората вакцина ја примиле 1.129.000 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештајот за непотребните операции на срце поминал на затворена владина седница, откри Клековски без да даде повеќе детали

Дејан Дејан

Руте бара од членките на НАТО јасен план за преземање на поголем дел од трошоците

Дејан Дејан

Украина бара лиценца за производство на ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“ – тоа би било доволно за заштита, вели Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе